
Научно – културен центар БОТАНИЧКА ГРАДИНА
Ботаничките работилници на Nature Expedition во Ботаничка градина , започнаа паралелно со со нејзиното реновирање и отворање за јавноста во 2018 год. Востварувањето на нашата соработка со ПМФ/Ботаничка градина, во проектот Научно-културен центар БОТАНИЧКА ГРАДИНА значеше почеток на една возбудлива ботаничка мисија во Ботаничка греадина со цел едукација, промоција, популаризација на природното богатство на Република Македонија.
Во рамки на нашата две годишна соработка со ПМФ/Ботаничка градина, беа организирани неколку мултидисциплинарни работилници за деца, ученици, возрасни. Само во периодот Март-Јуни 2018, работилниците во Ботаничката градина ги посетија околу 1500 луѓе.
Работилници кои ги релизиравме во Ботаничка градина започнуваат со кратка едукативна тура низ градината и приказните поврзани со Ботаничката градина.
Во унактниот стакленик на растенија во Ботаничката градина, интерактивните работилници за ботаника се возбудливо доживување за децата, младите и возрасните кои се вистинско богатство за развојот на едукативните и интелектуалните капацитети.


Од семе до уметничко дело
Засадување на семиња, едуктивни интересни предавања за семињата, растенијата, набљудување на семиња под микроскоп, изгработка на уметнички цртеж.
Ботаниката во уметноста и дизајнот
Ботаниката е огромна инспирација за уметниците и дизајнерите, фотогртафите.
Ботаниката во дизајнот е посебна инспирација за дизајнерите, (теми: бои, текстури, форми).


Мозаик работилница
И камењата и минералите, се дел од животот на растенијата.
А како креативен инпут на предавањата, во Ботаничка градина, во тој прекрасен амбиентален простор, организираме уметнички работилници за мозаик.
Активностите започнуваат со презентација за мозаиците и техниките на мозаик низ историјата до денес, а љубопитноста расте со очекување на практичниот дел на изработка на мозаик.
Низ интерактивна игра децата учат за минералите, за техниката на сечење на камен, керамички плочки, за алатките за изработка на мозаик, за начинот на цементирање до реалено уметничко дело.


Астрономска авантура
Небото, галаксијата е вечната инспирација за чивечкото око, ум, визија…
Во Ботаничка градина, организираме астрономски работилници – едукација за астрономија, набљудување со телескоп, за поврзаноста со гаксијата и ботаничките експерименти…
Неповторливо искуство за љубопитните.
Фотографска работилница
Фотоапаратот и шкљоц на уметничка фотографија.
