СКЛОПИ ГО МОЗАИКОТ

За идните архитекти, дизајнери, градежници, уметници, мозаикот како техника е предизвик од секој аспект.

 

Работилниците за мозаик се дел од нашиот проект за подигање на свеста кај младите за мозаикот како уметнички занает, култура и традиција и мозаикот како алатка за развивање на вештините.

Nature Expedition со овие работилници го започна проектот за поддршка на развојот на вештините кај децата и возрасните, развој на моторните функции и интелектуалните капацитети.

 

Работилниците ги прилагодуваме за деца од различна возраст, за помалите деца од 5-7 години – мозаик од хартија и за повозрасните- мозаик од кршени керамички плочки и мозаик од каменчиња.

Во рамки на работилниците организираме и презентации за историјата на мозаикот, за мозаикот како алатка во другите сфери на животот со цел преку мултидисциплинарен пристап до знаење и развој на едукативните капацитети.

 

Во оваа забавна мозаична авантура, љубопитноста и фокусот се неизбежни, склопен е мозаикот, а нашиот мозаик е секогаш склопен кога ќе ги видиме насмевките и среќни лица на мозаичарите.