„Парче мозаик - уникатен капитал“

Проектот “Парче мозаик- уникатен капитал“ го негува мозаикот како стара традиционална техника во Македонија. По примерот на нашите предци, NATURE EXPEDITION со овој проект ја започна мисијата за оживување и продолжување на овој стар занает на изработка на мозаици од природни каменчиња и мозаици од керамика.
Проектот има задача да влијае врз свесноста на граѓаните за значењето на нашето традиционалото и културно наследство и да ги едуцира млдите генерации и развој на нивните вештини кои се во духот на траицијата и култура и развој на нивните интелектуални и механички капацитети.

Во рамки на проектот Јасмина Бошевска – мозаичар изработи серија уникатни мозаици од природни камчиња и реализирана е едукативна изложба на мозаици во просториите на Добредојде Macedonia Welcome Center. 

 

Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија/ 2013

МОЗАИЧЕН ЛАВИРИНТ

Детските работилници за мозаик се дел од проектот на полето на подигање на свеста кај младите за мозаикот како културна традиција и мозаикот како алатка за развивање на вештините. 

 

NATURE EXPEDITION со овој проект го започнува проектот за поддршка на развојот на вештините кај децата од ранливи категории.

Проектот се реализираше во Домот за деца без родители на 11 октомври. Работилниците ги прилагодивме за деца од различна возраст, за помалите деца од 7-9 г. – мозаик од хартија и за повозрасните деца од 10-18 г. Мозаик од кршени керамички плочки.

 

Мисијата беше постигната, четири дена во оваа мозаична авантура се дружевме со прекрасни деца, безброј насмевки, љубопитност, среќа.

 

Децата беа скороз на скроз фокусирани – сечкаа мали коцкички од хартија, лепеа, кршеа керамички парчиња, креираа свој цртеж, ги редеа коцкичките и го склопуваа својот мозаик.

Последната работилница ја заокруживме со драмска претстава која ја интерпретираа ученици од Гимназијата Корчагин под менторство на професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ.

 

Бескрајна среќа и ние и тие, се разделивме и со солзи и со гушкање, до следно видување.

 

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија/2015

МОДЕРЕН МОЗАИК

Детските работилници за мозаик се дел од нашата мисија за едукација на младите за унапредување на нивните вештини и подигање на свеста кај младите за значењето на занаетите поврзани со обработката на камен и во конкретниот случај мозаикот како културна традиција.

 

NATURE EXPEDITION го реализираше овој едукативен проект во ООУ Стив Наумов во Скопје во мај 2016.

Организиравме дводневна работилница за мозаик од керамика , се дружевме со прекрасни деца. Искуството со проектите за мозаик, покажува дека децата навистина се љубопитни и фокусирани кога станува збор за активности кои вклучуваат мануелни функции. 

 

На моменти акцијата добиваше и натпреварувачки карактер во кршењето и сечењето коцкички од плочки. Да се извлече среќа и задоволство на ликовите кај децата, е навистина предизвик, кој со работилниците за мозаик, секогаш го постигнуваме.

Детските работилници за мозаик се дел од нашата мисија за едукација на младите за унапредување на нивните вештини и подигање на свеста кај младите за значењето на занаетите поврзани со обработката на камен и во конкретниот случај мозаикот како културна традиција.

 

NATURE EXPEDITION го реализираше овој едукативен проект во ООУ Стив Наумов во Скопје во мај 2016.

 

Проектот е ко-финансиран од Министерството за култура на Република Македонијa

Гоце Делчев

NATURE EXPEDITION го реализираше мозаичарскиот едукативен проект Вештини и во ООУ Гоце Делчев во Скопје во мај 2020 и во мај 2021. 

 

Организиравме 7 дневна работилница за мозаик од керамика и предавање за мозаиците. Беше изработен мозаик – „Лавиринт“ со димензии 2X2 m2.

 

Организиравме и ботаничка работилница на денот на пролетта 21 март/2021. Уживанција за децата да се работи со камчиња и земја.

„Човекот – центар на геометриска проекција“

За идните архитекти, дизајнери, градежници, мозаикот е предизвик од секој аспект. NATURE EXPEDITION организираше мозаичарска работилница за дизајнирање на мурал – мозаик во средното училиште за градежништво и архитектура СГГУ Здравко Цветковски.

Под раководство на директорката на училиштето Атина Томовска, беше организиран состанок за подготовките на проектот. Исклучително талентирани деца изработија скица на мозаикот и го насловивме „Човекот – центар на геометриска проекција“.

 

Во мај 2019 засукавме ракави и го создадовме човекот – архитект на еден од училишните ѕидови.

 

Со мозаикот „Човекот – центар на геометриска проекција“ учествувавме и на натпреварот на ART BOX project Swiss, каде што мозаикот виртуелно беше изложен на изложбата.

ООУ Димитар Поп Георгиев - беровски

етските работилници за мозаик се дел од нашата мисија за едукација на младите за унапредување на нивните вештини и подигање на свеста кај младите за значењето на занаетите поврзани со обработката на камен и во конкретниот случај мозаикот како културна традиција.

ATURE EXPEDITION го реализираше мозаичарскиот едукативен проект Вештини и во ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски во Скопје во мај 2015. Организиравме 7 дневна работилница за мозаик од керамика и предавање за мозаиците. Беше изработен мозаик – лого на училиштето кое го поставивме на фронталниот ѕид на училиштето.

Проектот е ко-финансиран од Министерството за култура на Република С.Македонија/2021