За нас

Nature Expedition
Македонија со своето уникатно природно и културно наследство поседува длабоки цивилизациски вредности и како таква, се издвојува со својата посебност, извонредност во светски контекст.
Платформата NATURE EXPEDITION е создадена како мисија за истражување, промоција, чувување и одржливост на природните и културните вредности на националнно и глобално ниво.
Платформата Nature Expedition функционира во рамки на здружението МРК ДИЈАЛОГ 🔗


Нашата Мисија
Развој на културна соработка помеѓу различни етнички групи и пошироко на национално и меѓународно ниво.
Охрабрување на граѓаните да ги зајакнат своите образовни, духовни и етички вредности.
Организирање активности кои се во функција на поттикнување на креативните капацитети од областа на културата, екологијата, спортот
Соработка со засегнатите страни и актери во животната средина за да го подобртиме квалитетот и ефикасноста на управувањето со природното и културното богатство.
Подигнување на јавната свест за животната средина и екосистемските , културата и традицијата.


Пристап
Во фокусот на нашиот концепт е долгорочна посветеност, транспарентност, ефикасност, одговорност и соработка.
Ние веруваме во:
• Локална акција за глобално влијание
• Поддршка на грасрут
• Фокусирани резултати
• Создавање овозможувачка околина
• Обезбедување менторство
Нашиот тим

Јасмина Бошевска
Проект менаџер

Мари Јанева
Дизајнер

Марија Тодоровска
Проект координатор

Весна Јанева
Филолог - дипл. проф. по англиски јазик