Ботаничка градина

Проектот Научно-културен центар БОТАНИЧКА ГРАДИНА е посветен на БОТАНИЧКАТА ГРАДИНА како научно и културно јадро за научни истражувања, заштита на биодиверзитет, едукација, работилници, култура.

 

Целата акција всушност започна во 2013г, со нашата идеја да се изгради Ботаничка градина во ЗОО. Истражувањата за Ботаничката градина која веќе постоеше на ПМФ говореа дека целосно руинираната градина е фрлена на заборавот.

 

Низата консултации кои ги направивме со експерти од Природно Научен Музеј и архитекти, низата планирања за овој проект, не подготви за следниот чекот, а тоа е подготовката на проектот Научно културен центар БОТАНИЧКА ГРАДИНА – резерват на пеперутки.

Изготвивме целосен проект со технички елаборат од областа на градежништвото и биологијата, во кој беа вклучени експерти-архитект Трајко Трајковски, биолог од Природно Научен Музеј- Д-р Владимир Крпач и нашиот тим NATURE EXPEDITION како креатор на проектната идеја.

По повеќе консултации со експертите, проектот го замисливме новата Ботаничка градина да биде лоцирана во рамки на ЗОО и тоа од повеќе причини: атрактивноста на местоположбата, социо едукативниот контекст на ЗОО, пристапност, актуелност.

Проектот беше доставен до Град Скопје, следуваа повторно консултации со Град Скопје.

Акцијата беше покрената, стручен тим од Град Скопје го разгледа проектот и започнаа плански активности во консултација со експертот од Природно-научен музеј Д-р Владимир Крпач. 

За жал засега овој проект е стопиран.

Но, со нашиот проект Научно-културен центар БОТАНИЧКА ГРАДИНА , паралелно се покрена гласот за Ботаничката градина на ПМФ која во тој период (2013) беше во руинирана состојба и на тој начин придонесовме за покренување акции за резновирање на првата и единствена Ботаничка градина на ПМФ.

Со голем ентузијазм, ПМФ/ Ботаничката градина успеа да обезбедат фонд за реновирање на градината, а тоа нам ни го отвори патот , повторно да ја возобновиме нашата идеја-да се посветиме на едукативниот концепт кој го имавме замислено за реализација на едукативни креативни работилници во Ботаничка градина.

По долги очекувања и конечно реновирање на Ботаничката градина на ПМФ, набрзо потоа, 2018 година, започна нашата соработка со Ботаничка градина/ПМФ во проектите кои две години беа поддржани со финансиска поддршка од Град Скопје во проектот „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.

 

На овој начин, започнавме со креирање и имплементација на културни проекти за едукација и промоција на ботаниката и екологијата и промоција на првата и единствена Ботаничка градина во Скопје.