
ЕХО
Во текот на Мај 2021 година на локалитетот Матка реализиравме низа истражувања за звуците од природата за создавање на музика од природата.
Тимот на NATURE EXPEDITION заедно со Пламенка Трајковска-партнер во проектот, го изработивме проектот ЕХО.
Исклучително возбудлива мисија за истражување на звуците од природата во функција на музичко творештво.
На терен реализиравме три истражувачки работилници и три работилници за монтирање на видео клипот. Во рамки на активностите беа превземени активности -истражување, фокусирање, снимање на различни звуци од природата, направена е одлична фотогалерија и изработен е музички видеоклип.
Собраниот звучен материјал е обработен со најсовремен компјутерски хардвер за обработка на звук Mac Book Pro и оперативен систем MacOS Catalina. Користен е софтвер за музика Logic Pro X за едитирање на звучните записи.
Од собраниот тонски материјал се генерирани нови автентични звуци со софтверот Izotope RX 8. Сите овие елементи заедно со виолина се градивото на три нови композиции со наслов: Дијалог танц, Камен и Река – авторски композици на Пламенка Трајковска.

Видео материјалот и фотографиите од терен се искористени за мултимедијално претставување на композициите.
За видеото е користен софтвер Final Cut Pro.
Проектот ЕХО е од исклучително значење во сферата на музиката со кој се остварени низа цели кои ги остваривме и ќе продолжиме да ги надградуваме – фокус кон конкретна цел-звуци од природата, едукација за звуците од природата, нивна синхронизација, влијанието на овие звуци врз психофизичкиот развој, мотив, творештво, имагинација…
Проектот ЕХО кој го започнавме, ќе продолжиме да го промовираме и надградуваме, ќе организираме и едукативни работилници во училиштата, медиумска промоција. Овој проект е авторско дело кое секогаш ќе добива свое катче на промоција каде и да организираме културни работилници.
Проектот е ко-финансиран од Одделението за култура на Град Скопје
