ГЕОЛОШКИ – КУЛТУРЕН КАМП МЕРМЕРНО ЕЗЕРО

Како резултат на долгогодишните истражувања за мозаикот и започнување на мисијата за продолжување и заживување повторно на оваа стара македонска техника на обработка на камен, во 2019 година со поддршка на Министерството за култура, фирмата за мермер UNI MARBLE, Извидничкиот Одред Феникс од Прилеп, тимот на NATURE EXPEDITION го започна проектот Геолошки културен камп МЕРМЕРНО ЕЗЕРО. Целта на овој проект е повеќекратна.
Да се создаде современ простор за визуелните уметности на локацијата МЕРМЕРНО ЕЗЕРО во с. Беловодица, Прилеп, каде што создадовме одлична артистична врска на припадност на човекот со природата, спојот со дивата природа, мермерот како исклучителен ресурс зз уметниците, како и промоција на претприемачките вештини поврзани со мермерната индустрија, како дел од целите кои ги започнавме со овој проект.

Со овој проект на оваа локација поставивме едукативен уметнички камп во кој што креираме и реализираме активности од областа на визуелните уметности, едукација за геологија и ботаника и спортот. 

 

На овој камп, ја поставивме летната креативна едукативна школа од областа на геологијата, биологијата, спортот, уметноста, ја поставивме галеријата на отворено каде што секоја година заедно со нашите ученици креираме по едно уникатно уметничко дело. 

Tука е и малата ботаничка градина која ја дизајниравме на отворено и ќе биде едукативно катче за реализирање на програми од областа на биологијата, екологијата, биодиверзитетот, климатските промени.