ФЕСТИВАЛ НА ЧАЈ И ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

Фестивалот на чај и лековити билки е првиот настан во Р.С.Македонија посветен на една убава македонска традиција – чајот и лековитите билки-првата медицина. 

 

Без разлика дали сте нов во светот на чајот или сте долгогодишен љубител, Фестивалот на чајот Македонија ве мотивира повторно да го откриете светот на чајот од традиционалните до најактуелните случувања. 

Фестивалот на чај во Република Македонија се одржува од 2014 секоја година. На овој настан, компании, институции, странски претставништва, ги презентираат своите производи, знаење и култура на чај, биодиверзитетот, преку разни перформанси, церемонија, презентации, културни претставувања. 

 

На фестивалот на чај и лековити билки имате можност да вкусите чаеви уникатно подготвени од изложувачите, да уживате во традиционалните церемонии за чај и да научите за природната, традиционалната медицина.